Никој од Министерството за здравство се уште стапил во контакт со претседателката на здружението на матични лекари Лилија Чолакова Девишова, со цел да се најде решение за барањата на матичните лекари, со што би се избегнал најавениот протест закажан од петти до седми септември. За време на протестот матичните лекари ќе извршуваат прегледи но нема да издаваат рецепти и упати.
Таа нагласува дека околу 100 лекари периодов се очекува да заминат во пензија, а меѓу нив и педијатри, со што Скопје ќе остане со намален број на педијатри, за кои и сега се чувствува недостаток. Според неа, наместо да има стимулација се случува дестимулативна скала.
Таа и останатите матични лекари исто така бараат да им се намалат административните обврски за да можат комплетно да се посветат на професијата и на пациентите.