Не правете профил наместо страница

Почетничка грешка која ја прават многу луѓе кој не го разбираат фејсбук наместо посебна страница прават профил.Фејсбук разликува неколку видови на претставување па е важно да се знае дека приватни лица имаат профили а брендовите и бизнисите би требало да имаат страни.Покрај тоа што може да изгледате непрофесионално на овој начин ризикувате и да ви биде избришан профилот од страна на администраторите.Поктај тоа страниците носат многу повеќе поволности од профилот.

Не ставајте наслови како опис

Втора работа на која треба да внимавате е кога споделувате линк од интернет сајт да одвоите неколку минути и го промените описот кој ви стои над линкот имено фејсбук автоматски како опис на линкот ќе го стави насловот но доколку сакате да бидете повпечатливи би требало да ставите некоја главна реченица тој начин е попогоден за социјалните медиуми.

Не користете премногу фотографии

Видео материјалите се иднината ама многумина и понатаму се плашат да се впуштат во овие води мислејќи дека тоа е скапа професија.Но денес со паметен телефон и добра идеја секој може да постигне многу сепак немојте да претерувате со објавувањето на слики и видео материјали завидни резултати ќе постигнете само доколку покрај забавниот дел објавувате и работи кои ќе бидат корисни за вашите следбеници.

Научете како

Постојат уште многу грешки на кои ќе наидуваме во вашата фејсбук кариера предолги постови,погрешно време,преголеми фотографии итн.За да се стекнете со слика за тоа што социјалните медиуми можат да ви понудат ви треба време од барем една година во која ќе ја усовршите вештината на користење на социјалните медиуми.

By Author