“Очите се огледало на душата” сигурно ја имате слушнато изреката.Кога некој ќе го погледнеме во очи остваруваме одреден контакт кој е подлабок од изговорените зборови.Секоја боја на очи има свое симболичко значење и може да ни открие нешто за карактерот на личноста.
Ова се тумачењата за секоја боја на очите.
Плави очи
Луѓето со оваа боја на очи се сонувачи и романтичари. Припадничките на понежниот пол се многу ранливи, лесно може да ѓи повредите или налутите и тешко простуваат.Од друга страна мажите со плави очи се способни дури и после неколку години,дословно да ѓи повторат истите зборови и тешко забораваат.Склони се на чести промени на расположението и силни чувства.
Зелени очи
Се смета дека луѓето со зелена боја на очи се многу одлучни и практични,но нивната одлучност често знае да мутира во тврдоглавост.Тешко е да се предвиди зеленооките во дадена ситуација како ќе се понашаат,исто така овие луѓе се многу амбициозни и имаат многу добра интиуција.
За нив е многу важно нивното внатрешно поверење и испрвноста на нивните постапки,а мислењето на другите им е во втор план, и обично однапред им се израчунати последиците од нивните постапки.
Црни очи
Луѓето со црни очи се енергични и темпераментни.Флертувањето за нив е нормално како и дишењето, го сакаат вниманието од другите и целиот нивни живот е главна улога во една фантастична представа.
Тие стално работат на својата интелегенција, убавина и енергија.Склони се кон авантури а понекогаш и не промислени,лесно склопуваат познанства и имаат инзвонредна смисла за хумор.Сакаат да се истакнат и не поднесуваат притисок.
Кафени очи
За разлика од луѓето со црни очи оние кои имаат смеѓи очи се срамежливи, повлечени и ранливи.Стално живеат во светот на соништата,економични се и прагматични.
Кочница во нивниот напредок е нивната склоност кон мзливоста,но на овие луѓе може да им се доверат најтешките задачи и сигурно ќе бидат решени на нај ефикасен начин.На прв поглед тие се нежни суштества но тие сакаат да работат по свое.