Познатиот рапер, Џеј Зи, го прослави својот педесетти роденден со презентирање на коњакот Ениверсер Д’Ус од 1969 година вреден 5.000 долари.

Сега, единственото шише од колекцијата што го носи потписот на славниот уметник оди на аукцијата која што ќе се одржи на 13 мај.

Фондацијата Шон Картер очекува од продажбата на овој ексклузивен коњак да заработи од 25.000 до 75.000 долари. Оваа организација има за цел да им помогне на поединците кои се борат со економски проблеми, давајќи им пристап до високото образование. Сите шишиња од колекцијата се нумерирани со натпис, со капаче што го означува нивниот реден број. Дванаесетте дијамантски украси со кристален декантер и доаѓаат со прекрасна кожна кутија украсена со раскошни акценти, но, шишето кое треба да оди на аукција дополнително доаѓа со 24-каратна златна фолија покрај потписот на Џеј Зи.

Славниот рапер и продуцент во една прилика кажа како го открил овој пијалок.

„Кога нашиот мајстор за визби, Мишел Касавеки, го откри овој стар пијалок во Шато де Коњак и ја објасни неговата вредност, за мене беше многу важно да му оддадам почит со тоа што ќе направам нешто за да ја прославам неговата посебност. Кога ова буре ќе се испразни, не може да се создаде повторно. Целиот процес зад колекцијата „Anniversaire“ од 1969 година ме потсети зошто зошто почнав да се занимавам со музиката, да создадам нешто што ќе го издржи долго време. За мене е многу важно што конечно можеме да го споделиме ограниченото издание на „D’Usse 1969 Anniversaire“ со остатокот од светот, додека целиот профит од продажбата на првото шише ќе оди директно на фондацијата Шон Картер “.

By Admin