Во неделата во Рим на 16- тиот филмски фестивал се одржа премиерата на филмот “The Eternals”. По тој повод на црвениот тепих се појави заносната оскаровка Анџелина Џоли која во петата деценија од животот во фустан на Версаче без ракави изработен од метална мрежа го, запираше здивот. Неа ја придружуваа двете ќерќи Захара и Шајло, двете облечени во свој стил.
Интересот го привлече Шајло. Таа која еден период носеше само машка гардероба и кратка коса, таа што кога ќе ја видиш целосно потсетуваше на момче, во Рим изненади со нејзиниот изглед.
Шајло носеше црн коктел фустан без ракави спарен со жолти патики со црни точки. Вистинско девојче од фризура, мејкап до гардероба. Таа на настанот изгледаше прекрасно.
Според нејзиниот аутфит би се рекло дека Шајло се има премислено во врска со промена на полот, тоа уште повеќе се потенцира со тоа што и на премиерата во Лос Анџелес имаше женствен стајлинг.