Новиот шампион во Формула1 Макс Верстапен одлучи да направи племенито дело. Првиот освојувач на Ф1 од Холандија го стави својот автомобил на лицитација, а парите од продажбата ќе одат во хуманитарни цели.
Верстапен својата Хонда Сивик ќе ја продава преку страната за половни автомобили, по цена од 33.333 евра, а за овој автомобил ќе може да надаваат луѓе од Ѓерманија, Франција, Италија, Холандија, Шпанија, Португалија и Норвешка.
Сопственик на оваа Хонда ќе биде оној кој прв ќе прати понуда, а купувачот ќе мора во целост да ја исплати договорената сума во рок од седум дена.
Верстапен со видео практично го “стави во излог” својот автомобил покажувајки ги неговите потенцијали, во каква состојба е и како се однесува надвор од патеката.
-Само што го имав последното возење да се уверам дека се е во ред. Автомобилот е одличен-кажал Макс и практично го објави надавањето.
Покрај автомобилот Хонда Сивик тип Р, купувачот ќе добие и неколку автограми затоа што шампионот се има потпишано и на внатрешниот и надворешниот дел на возилото.