Во соработка со српската полиција е откриен нелегален мигрантски камп. Моментално се во притвор четири лица, од кои 2 полнолетни од Пакистан и 2 малолетни од Авганистан, две лица се во бегство.
Во импровизиран камп во близина на македонско-српската граница во периодот од август до ноември, група на пакистанци и авганистанци држеле во заложништво други мигранти на кои предходно им ги одземале телефоните и барале пари од нивните семејства за да ги ослободат.
Во кампот полицијата открила триесет и пет мигранти од кои девет деца до петнаесет години.
На барање на јавниот обвинител на сите осомничени лица за кривично дело трговија со луѓе и малолетни лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.