Црвениот крст на Македонија информира за сметки и телефонски броеви на кои сите заинтересирани правни субјекти и граѓани може да донираат парична помош за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија:

–       Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

–       донација од 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

–       За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

– Црвениот крст на Република Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и Сирија за жртвите од страотниот земјотрес. Црвениот крст на РСМ е во комуникација со  Црвената полумесечина на Турција и Арапската Црвена полумесечина на Сирија, на кои веднаш им беше понудена првична помош, соопшти Црвениот крст на РСМ.

Турција и Сирија денеска ги погоди катастрофален земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во реонот на турскиот град Газиантеп.

By Author