Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунаро на Твитер објави дека полицијата трага по маж кој во боксерки скокнал од врвот на трикатница во еден од венецијанските канали.
Брунаро ветил дека ќе му даде „диплома за глупост“ на, како што тој го нарече „идиот“ за кој мислел дека е турист и ќе го удри неколку пати, пренесува Си-Ен-Ен (Си-Ен-Ен).
Тој изјави дека „идиотот“ кој скокнал и тој што го снимил ова видео ќе бидат уапсени.
Градоначалникот на Венеција ги повика граѓаните да помогнат да се идентификуваат бараните лица и ги замоли да не го „лајкнуваат“ споменатото видео кое во меѓувреме стана вирално.
Минатата година, повеќе од 40 туристи беа уапсени за пливање во венецијанските канали, а еден човек беше затворен поради обид да сурфа на Гранд Канал.