Грчките власти понудија парична награда за информации што би довеле до апсење на сторителите на варварско злосторство извршено денес во атинското предградие Глика Нера.

Грчкиот министер за внатрешни работи Микалис Кризоходис го опиша злосторството како „особено грозоморно“ и вети награда од 300.000 евра за информации што би довеле до апсење на сторителите, пренесува АП.
Во државниот извештај на телевизијата ЕРТ се вели дека тројца криминалци упаднале вчера во куќа откако убиле куче и го оставиле да виси на оградата од семејната куќа во Глика Нери, а потоа ја задавиле 20-годишна мајка пред нејзиниот 11-месечено дете и го врза нејзиниот сопруг.

Убиената жена е родена во Грција, но има и британски пасош, а крадците побегнале од местото на злосторството одзеле пари и накит, објави претходно Ројтерс.

  • Ретко кој во Грција се сретнал со вакво варварско злосторство, дури ни криминалци – рече министерот Кризохидис.

By Author