Хрватските фудбалери ремизираа 0:0 со Белгија во последното коло од групната фаза на Светското првенство во Катар.

Хрватските фудбалери не дека немаа свои шанси но можат да му кажат благодарам на Лукаку, драматични последни минути.

Ова реми значеше и дека Белгија испадна од Мундијалот, иако важеше за еден од фаворитите да стигне до самиот крај.

Хрватска групната фаза ја заврши со пет бода, додека првопласиран е Мароко со седум бодови.

Белгија заврши под линијата со четири бода, додека Канада не успеа да освои ниту еден, иако не одигра лошо.

Хрватите први и се заканија на Белгија, но ударот на Перишиќ во 10. секунда од мечот помина покрај стативата.

Белгијците ја создадоа првата можност откако Кевин Де Бруин извлече контранапад, но Дрис Мертенс беше слаб на крајот.

Судијата Ентони Тејлор досуди пенал за Хрватска во 16. минута, но по консултација со ВАР и крајно бизарниот офсајд при центаршутот ја поништи одлуката.

До крајот на првото полувреме немаше колосални шанси, а Јосип Јурановиќ се обиде со удар од работ на шеснаесетникот во судиското надополнување, но не беше прецизен.

Хрватите подобро го отворија вториот период, а Ковачиќ се закани од далечина во 50. минута. Сепак, второто полувреме го одбележа Ромелу Лукаку, кој го промаши невозможното, што би рекол народот.

Најпрво во 60. минута од само седум метри ја погоди стативата во празна мрежа, а не долго потоа и неговиот удар со глава беше непрецизен, иако голманот го прецени летот на топката.

Кон крајот на натпреварот, Лукаку можеше да биде херој, но наместо тоа, тој стана трагичar бидејќи уште две шанси отидоа на отпад. Прво не успеа да ја одврати топката во мрежата од три метри, а подоцна во 90. минута сам пред празен гол, но не успеа со гради да ја испрати топката во мрежата, па реагираше Ливаковиќ.

Може да се каже дека Хрватска имаше голема среќа да напредува, а останува да се види дали во осминафиналето ќе игра против Шпанија, Германија, Јапонија или Костарика.

By Author