Иако понекогаш се грижиме за вистинската лоша состојба на врската, грижата често произлегува од несигурноста и стравот предизвикани од лошите искуства од минатото.

Кога паровите влегуваат во нова врска, понекогаш претерано размислување и анализирање е еден од најголемите непријатели за нормалниот развој на врската. Иако понекогаш загриженоста може да се должи на вистинска лоша состојба во врската, таа често произлегува од лошите искуства од минатото. Некои хороскопски знаци посветуваат особено внимание на претерано анализирање што може да им наштети.

РАК

Припадниците на овој знак често претеруваат во зачувувањето на врската од надворешниот свет, па може да се однесуваат премногу заштитнички или да прифаќаат ситници премногу при срце.

Ова може да доведе до претерано размислување и стрес за неважни работи, а со тоа ја хранат несигурноста.

ДЕВИЦА

Девиците се познати по тоа што се стремат кон совршенство, што често е премногу кога се во прашање деталите во меѓучовечките односи. Ако сè не е совршено во врската, припадниците на овој знак лесно се сопнуваат во анализирање и претерано размислување. Девиците бараат совршенство од себе, па дури и мал проблем во врската може да им предтави огромна пречка.

ЈАРЕЦ

Некои Јарци можат да се препуштат на толку многу претерано размислување што ќе се убедат себеси дека нешто не е во ред со врската, иако можеби не е така. И покрај уверувањето на партнерот дека се е во ред, тие не можат да ја потиснат мислата дека има проблем.

РИБИ

Рибите често знаат да се препуштат на прекумерната имагинација, а често и премногу размислуваат. Во врските понекогаш ја достигнуваат границата, а нивното нерационално размислување доведува до големи тензии. При претерано размислување тие и штетат на својата врска, без често да бидат свесни за тоа, пишува 24сата.хр.

By Author