Оние кои се искачуваат по скалата на успехот никогаш не се жалат дека остануваат без здив. – Елиар
ОВЕН
Работа: Негативните аспекти можат да ви донесат напнатост во деловните односи во текот на овој период. Негативната енергија може да се манифестира во форма на непопустливи деловни соработници или лоши односи на работа. Клучот за успехот е да се надминат различните ставови.
Љубов: Предизвикајте се да решите стар проблем меѓу вас и партнерот. Можеби ќе се чувствувате погрешно разбрани, па ќе биде потребно дилемата со партнерот да ја решите преку отворен разговор.
Здравје: Да се биде на отворено, како и активностите што ве придружуваат, многу придонесуваат за вашата општа здравствена состојба.
БИК
Работа: Негативен аспект може да ви донесе влошување на односите со вашите соработници, но и со претпоставените. Ситуацијата ќе бара дополнително прилагодување. Сега не е време за влегување во ризични инвестиции, зделки со сомнителни луѓе. Дефинитивно не е за вас!
Љубов: Можно е враќање на личност од минатото која претходно многу ви значела. Постои можност да се продолжи љубовната приказна од минатото. Нов почеток. На крајот на краиштата, сега добро се познавате и многу добро знаете што можете да очекувате еден од друг.
Здравје: Болка помеѓу лопатките. Посетете кардиолог.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Мноштвото планети во вашето поле на бизнис најавува турбулентна динамика и настани. Но, тоа укажува и на тоа дека има непредвидливи околности и финансиски и комуникациски. Подгответе резервен план.
Љубов: Овој период може да ви донесе недоразбирања во односот со партнерот. Постои можност вашите зборови да бидат погрешно разбрани. Слободните Близнаци можат да запознаат интересна личност преку работа. Ново љубовно поглавје е пред вас.
Здравје: Побарајте мир преку медитација, слободното време посветете го на работа на себе.
РАК
Работа: Деловната соработка со некои соработници може да стане проблематична во овој период. Постои можност некој од вашите вработени да направи голем превид, што може да резултира со прекин на соработката. Раковите кои се занимаваат со приватен бизнис можат да постигнат успех и да ја надминат конкуренцијата.
Љубов: Бурни и страсни настани на љубовниот фронт го одбележуваат овој период. Раковите кои се во врска може да поминат низ период на недоразбирање со партнерот. Слободните Ракови се на прагот на новото љубовно поглавје.
Здравје: Намалете го внесот на алкохолни пијалоци. Посветете се на поздрав начин на живот.
ЛАВ
Работа: Сè укажува на слаба алка во овој период. Можно е да доцнат некои финансиски средства, што може да придонесе за стопирање на бизнисот. Ќе бидат потребни импровизирани решенија.
Љубов: Голем број планети во вашето поле на домот и семејството носат настани на семејно ниво. Во семејството може да се појави стар проблем кој ќе мора да го решите заедно со партнерот. Слободните Лавови можат да започнат врска со личност која не е сингл.
Здравје: Одморете повеќе. Пропратени сте со несоница, немирот може да укаже и на пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Работа: Главниот предизвик во овој период е да најдете компромисно решение во однос на нарушените меѓучовечки односи во компанијата во која работите. Вашиот однос со претпоставениот може да биде проблематичен. Ќе има неопходно прилагодување. Внимание при ракување со пари.
Љубов: Постои можност во вашиот живот да се врати личност од минатото. Средбата може да се случи сосема случајно или може да следи преку вашите заеднички пријатели. Девиците кои се во врска поминуваат низ период на недоразбирање со партнерот.
Здравје: Можни се алергии.
ВАГА
Работа: Голем број планети во овој период се во вашиот финансиски сектор. Ги нагласува финансиските теми. Потребно е навреме да ги подмирите старите долгови за да немате компликации. Може да добиете нова деловна понуда. Размислете добро дали да ја прифатите.
Љубов: Вагите кои се во врска ќе бидат во ситуација отворено да разговараат за некој проблем кој постои одамна во однос на партнерот. Само така ќе отстраните поголем проблем.
Здравје: Пијте повеќе вода.
ШКОРПИЈА
Работа: Главниот предизвик во овој период ќе биде проширување на кругот на соработници. Постои голема веројатност дека ќе внесете некои нови елементи во бизнисот. Деловен состанок со претпоставен може да помине во напната атмосфера. Таму ќе бидат неопходни компромисни решенија.
Љубов: Би можеле да очекувате одличен ден на љубовен план, доколку пред се сте расчистиле сами со себе што сакате и што очекувате.
Здравје: Раздвижете се, возењето велосипед или пливањето би било одлично за вас.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Овој период може да ви донесе успех во деловната соработка со странство. Од друга страна, вашата соработка со некои пријатели може да испадне проблематична. Некои од вашите соработници може да ги променат деловните услови, а тоа може да бара имплементација на резервен план.
Љубов: Не е исклучено деловните обврски да ве заморат денес и да ве оттргнат од љубовните настани, сепак, секогаш може да се најде резерва.
Здравје: Одлично се чувствувате и тоа се одразува на вашата околина.
ЈАРЕЦ
Работа: Вашиот финансиски успех ќе зависи од исходот на важен деловен состанок и деловни преговори. Проблемот е што може да наидете на многу тежок соговорник кој нема да сака да отстапи од своите услови. Ситуацијата ќе бара едната страна да попушти.
Љубов: Главниот предизвик на љубовен план е да ги надминете разликите во ставовите помеѓу вас и вашиот партнер. Можни се несогласувања и кавги. Голема е можноста за обнова на врската со поранешна љубов.
Здравје: Болки во зглобовите, особено изразени болки во рацете, како и во колената.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ненадејно патување. Можна е дилема, бидејќи постои можност за одлична деловна понуда од странство. Меѓучовечките односи на работа можат да се нарушат, затоа внимавајте на манипулациите и шемите на колегите.
Љубов: Негативните аспекти внесуваат тензија во вашата комуникација со партнерот. Можеби сте нервозни и пораздразливи од вообичаено, па ќе реагирате импулсивно на негативните коментари од партнерот. Можни се расправии, кавги, избувливост.
Здравје: Движете се повеќе, целосно сте го запоставиле телото, активност.
РИБИ
Работа: Успехот се состои во собирање сигурен тим на соработници со кои ќе постигнете деловна цел. Вашата соработка со странство ќе биде многу успешна, но може да се појават пречки во вид на доцнење на финансиските ресурси. Сепак, се ќе надминете со помош на пријателите.
Љубов: Слободните Риби можат да запознаат интересна личност на патување или преку работа. Ве очекува ново поглавје во љубовта со личност под знакот на Девица или Шкорпија. Рибите кои се во врска ги очекуваат заедничко патување.
Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.