Не можеш да се вратиш назад и да го смениш почетокот ,но можеш да почнеш таму кај што си – и да го смениш крајот

ОВЕН

Работа: Подобрување на финансиската состојба ги очекува Овните кои се занимаваат со трговија, приватен бизнис и работа со клиенти. Ќе го проширите кругот на соработници.

Љубов: Овој ден ќе биде обележан со измешани чувства меѓу вас и партнерот. Игра на топло-ладно и љубоморни сцени.

Здравје: Главоболка.

БИК

Работа: Главното искушение овој ден е да дизајнирате и спроведете резервен план, бидејќи можно е да се одложи исплатата на парите. Успех ги чека оние Бикови кои се занимаваат со креативна професија.

Љубов: Односот со партнерот полека се стабилизира, успешно ќе ги надминете несогласувањата за важни прашања.

Здравје: Солидно.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Денес е важно да се држите до однапред испланиран план, бидејќи тој ќе ви овозможи се да завршите на време. Брзо размислувате и се ќе ви биде лесно.

Љубов: Новото запознавање со личност во знакот Водолија или Вага ќе придонесе за вашето чувство на исполнетост на емотивен план.

Здравје: Настинка.

РАК

Работа: Фокусот на овој ден е на надминување на разликите во ставовите меѓу вас и вашите претпоставени. Ве очекува успех во работата со клиентите.

Љубов: Посветете му повеќе време на партнерот. Во спротивно, може да дојде до трајно ладење.

Здравје: Променете ја исхраната.

ЛАВ

Работа: Невработените Лавови чекаат интервју за работа. Важно е да се настапува со многу самодоверба.

Љубов: Ве очекува интересен излет на кој можете да запознаете многу привлечна личност во знакот Вага.

Здравје: Одморете повеќе.

ДЕВИЦА

Работа: Можноста за недоразбирања во најширока смисла на зборот периодов е голема. Обидете се да ги презентирате вашите идеи и ставови јасно и недвосмислено.

Љубов: Односот со партнерот минува низ фаза на усогласување. Слободните Девици ќе запознаат неодолив Бик.

Здравје: Анксиозност.

ВАГА

Работа: Успехот е пред вас преку работа со клиенти и ако работите во медиумите или се занимавате со уметност. Сепак, вашиот однос со претпоставените може да биде проблематичен.

Љубов: Односот помеѓу вас и вашиот партнер станува подобар по искрен и отворен разговор.

Здравје: Нервоза.

ШКОРПИЈА

Работа: Ви се дава можност да заработите големи пари, но внимавајте на новите деловни партнери. Особено оние кои ви ветуваат нереално добри услови за соработка.

Љубов: Љубовната врска со личност во знакот Лав може да биде многу турбулентна и страсна, но може брзо да заврши.

Здравје: Настинка.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Стрелците треба да внимаваат на нивните деловни тајни. Некои информации би можеле да протечат и да доведат до конкуренција.

Љубов: Односот со партнерот се повеќе се стабилизира. Слободните Стрелци ќе имаат можност да запознаат неодолива Вага.

Здравје: Солидно.

ЈАРЕЦ

Работа: Главна тема на овој ден ќе биде деловна средба или договор за долгорочна соработка. Сепак, договорот ќе биде со некаков компромис од ваша страна.

Љубов: Обновувањето на врската со поранешната љубов ќе го одбележи овој период. Јарците кои се во врска очекуваат усогласување на односите.

Здравје: Солидно.

ВОДОЛИЈА

Работа: Вашиот однос со претпоставените може да биде нарушен поради интриги и манипулации од колегите. Обидете се да се држите настрана од сè.

Љубов: На забава може да дојде до познанство со интересна личност во знакот Вага или Лав.

Здравје: Несоница.

РИБИ

Работа: Овој ден ви носи успешен деловен договор во странство. Важно е околу себе да соберете тим од доверливи соработници.

Љубов: Односот со партнерот влегува во помирни води. Слободните Риби можат да започнат врска со интересна Девица.

Здравје: Намален имунитет.

By Author