ОВЕН
Работната недела зад вас беше хаотична, но успеавте се да завршите навреме. За викенд, опуштете се, поминете време со семејството и најблиските. Не размислувајте за работа.
БИК
Доколку сте имале конфликт во семејството, не дозволувајте таа енергија да се прелее во викендот. Ти треба мир и треба да си го обезбедиш зашто никој друг нема да го направи тоа.
БЛИЗНАЦИ
Искористете го викендот пред вас за да уживате со пријателите и најблиските. Плановите за новата година може да се променат за секунда. Не грижете се, најважно е да донесете добро расположение.
РАК
Задоволни сте од деловните резултати затоа што сами се изборивте за себе оваа година. За време на викендот почестете се со шопинг и уживајте во него.
ЛАВ
Пријателите премногу сметаат на вас и на вашата организација за дочек. Тоа ви прави притисок. За да немате расправија за викенд, разговарајте со нив.
ДЕВИЦА
Ако некој заслужува овој викенд да си го посвети себеси, тоа сте вие! Без грижа на совест, почестете се со она што ве опушта и ве прави среќни.
ВАГА
Успешно го решивте проблемот што го имавте на работа што ви правеше проблеми. Сега можете целосно да му се посветите на партнерот и да уживате во заедничкиот викенд
ШКОРПИЈА
Празничната атмосфера ве радува и уживате. Продолжете со добрата работа за викендот, бидејќи годината што е пред нас е феноменална!
СТРЕЛЕЦ
Напнатоста на работното место малку се намали, но сепак ви го окупира умот. Но, навистина обидете се да се опуштите овој викенд и да ја дадете вашата енергија на партнерот и семејството.
ЈАРЕЦ
За време на викендот очекувајте повик од пријател. Можеби разговорот ќе биде малку понапнат, но ако отворено си кажете што ве мачи, работата ќе се реши на мирен начин.
ВОДОЛИЈА
Почестете се овој викенд. Правете работи што ве прават среќни. Го заслуживте затоа што навреме ги завршивте сите обврски.
РИБИ
Бидете подготвени да ја прифатите поканата за градот! Колку и да сте уморни, излезете бидејќи ѕвездите ви подготвуваат убаво љубовно изненадување!