Најверојатно ќе бидат потребни 15 или 20 години за Украина да влезе во Европската унија, изјави францускиот министер за европски прашања Клемен Боне и препорача Киев во меѓувреме да се приклучи на европската политичка заедница, како што предложи францускиот претседател Еманел Макрон.

Тој посочи дека не сака да се продаваат илузии и лаги на Украинците, бидејќи ако им се каже „добредојдовте во ЕУ, но не сте ги прочитале ситните букви на дното на договорот, кој е за 15 години“, целата генерација Украинци ќе биде разочарана.

By Author