Претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лајен пред самитот ЕУ-Украина следната недела изјави дека Украина ја има безусловната поддршка од европскиот блок и дека мора да ги победи руските сили за да ги одбрани европските вредности.
– Ние стоиме на страната на Украина без никакви „ако и но“ – рече Фон дер Лајен во говорот на состанокот на нејзината Христијанско-демократска партија ЦДУ во Дизелдорф, Германија, пренесе Ројтерс.
Украина „се бори за нашите заеднички вредности, се бори за почитување на меѓународното право и на принципите на демократијата, и затоа Украина мора да победи во оваа војна“, рече таа.
Фон дер Лајен и нејзините колеги еврокомесари планираат самит ЕУ-Украина на 3 февруари.