Формула 1 имаше трилер завршница сезонава, каква ретко сме имале прилика да гледаме, а титулата ја освои Макс Ферстапен после неверојатниот расплет во последниот круг.

Луис Хамилтон така остана без осмата титула првак на светот и со тоа не успеа да го помине Михаел Шумахер како рекордер и најдобар возач во историјата,

Британецот стартуваше од втората позиција, но одма на почетокот го престигна Ферстапен и почнува да го диктира темпото.

Делуваше дека се ќе се заврши без драма,затоа што имаше голема предност на пет круга пред крајот кога Латифи после контактот со Мика Шумахер излета од патеката и се заби во заштитната ограда.

Тогаш контравезната одлука на дирекцијата на трката,на патеката да испадне безбедносното возило, а не да се прекине трката како што беше случај во слични ситуации оваа сезона. После тоа е одлучено возачите кои имаат по еден круг заостаток да не се вратат во истиот круг,за да се поништи тоа пред последниот круг.

Тогаш разликата која што ја имаше Хамилтон и беше повеќе од 10 секунди исчезна и Ферстапен доби шанса во последниот круг која ја искористи.

By Author