Сите мерки воведени поради пандемијата на коронавирус во Австрија ќе бидат укинати на 5 март, соопштија австриските власти.

Австриските власти одлучија да ги укинат сите мерки воведени поради коронавирусот од 5 март. На сила ќе остане само мерката за носење маски на одредени места, објавија австриските медиуми.

„Во Австрија повеќе нема регулативи за пристап и нема зелени пасоши“, изјави денеска во Виена министерот за здравство Волфганг Мукштајн.

На прашањето зошто е донесена ваквата одлука и покрај големиот број новозаразени, тој објасни дека „релевантна бројка“ е онаа на одделенијата за интензивна нега каде состојбата е стабилна.

Според планот, 5 март треба да биде прогласен за „Ден на слободата“, по примерот на Велика Британија.

Да потсетиме, Австрија е првата земја во Европа која донесе закон за задолжителна вакцинација на граѓаните против коронавирус, чие укинување исто така се размислува.

By Author