Денеска е 54-ти ден од инвазијата на Украина.

Зеленски: Битката за Донбас започна
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска во видео обраќање изјави дека руските сили ја започнале битката за Донбас, пренесува Ројтерс.

„Руските војници ја започнаа битката за Донбас, за која се подготвуваа долго време“, рече денеска Зеленски, додавајќи:

„Без разлика колку руски војници ќе бидат испратени таму, ние ќе се бориме. Ќе се браниме. Ќе го правиме тоа секој ден.

Генералштабот на Украина го потврди почетокот на руската офанзива во источна Украина
Украинскиот Генералштаб го потврди почетокот на рускиот напад во источна Украина, пренесува Киев Индипендент.

Генералштабот го пријави почетокот на руската офанзива на исток“, пишува украинскиот весник.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили започнале офанзива по целата линија на фронтот на југот и на истокот на Украина.
Се наведува дека напорите на руските сили се насочени кон заземање на Мариупол и пристигнување до административната граница на регионот Керсон, пренесува Интерфакс Украина.

„Главните напори на непријателот се насочени кон пробивање на одбраната на нашите војници во областите Луганск и Доњецк, како и воспоставување целосна контрола над градот Мариупол“, истакнуваат од украинскиот Генералштаб.

Шефот на кабинетот на Зеленски: „Почна втората фаза од војната“
„Почна втората фаза од војната“, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател, пренесува Ројтерс.

By Author