Специјалната воена операција на РУСИЈА во Украина продолжува денеска е 155-тиот ден од војната во Украина.

Гранатиран Доњецк употребена забранета муниција

– Штабот на територијалната одбрана на Доњецката Народна Република соопшти дека украинската армија употребила забранети противпешадиски мини „Лепесток“ во нападите на Доњецк.
– Украинската армија во текот на ноќта истрела четири проектили од таканаречениот „НАТО калибар“ од 155 милиметри врз киевскиот регион Доњецк, како и четири проектили кон Јаковливка во Доњецката Народна Република, соопшти Претставништвото на ДНР при Заеднички центар за контрола и координација на прекинот на огнот.

Четири цивили загинаа, а 11 се ранети во претходните 24 часа, при украинското бомбардирање на Доњецката Народна Република, соопшти денеска Територијалната одбрана на самопрогласената ДНР.

Ракети истрелани од Белорусија го погодија регионот Чернихив
Според украинските власти, рано утринава повеќе од десет проектили истрелани од Белорусија ја погодиле Черниговската област.

„Денес сите се разбудивме многу рано и ова будење беше многу вознемирувачко, слушнавме експлозии. По пет часот наутро лансирање на ракети од големи размери од територијата на Белорусија. Има прелиминарни информации за погодок кај Гончаривск “, рече регионалниот гувернер Вјачеслав на Tелеграм профилот.

– Египет ги раскина договорите за испорака на 240.000 тони пченица од Украина, купена во декември 2021 година, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори.
Како што беше прецизирано, египетската генерална управа за набавка на стоки ѓи „ослободи“ од договорните обврски компаниите „Нибулон“ и „Инерко“, кои требаше да испорачаат четири серии пченица.
Ројтерс наведува дека египетските власти купиле жито во декември минатата година по цена од 346 до 360 долари за тон, вклучувајќи ги и трошоците за испорака. Поради ситуацијата во Украина резервираната стока не беше испорачана.
Египет е најголемиот увозник на пченица во светот – годишно откупува околу 11 до 13 милиони тони, што задоволува само половина од потребите на земјата.
Другата половина ја обезбедува внатрешното производство. Главните извозници на жито во Египет се Русија и Украина.

Западното оружје од Украина на црниот пазар
– Западното оружје, кое се испорачува на Украина, почна да се појавува на црниот пазар, објави главниот обвинител на Русија, Игор Краснов.
Тој потсети дека Русија истражува повеќе од илјада кривични случаи поврзани со „истребување на жителите во Донбас од страна на режимот во Киев“, а веќе се утврдени бројни случаи на убиства и брутални конфронтации со цивилното население.

– Вакви злосторства се уште се вршат секој ден, а во него учествуваат платеници од членовите на Заедницата на независни држави. Евидентиран е речиси неконтролиран сообраќај на оружје и муниција. На црниот пазар почнаа да се појавуваат многу примероци на оружје, пред се западно – рече Краснов.

Зеленски: Украина е независна, суверена и неделива држава
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по повод Националниот ден, кој Украина го слави денеска, изјави дека Украина е слободна, независна, суверена и неделива држава.

Во видео-обраќање, Зеленски рече дека Украина ќе се бори за својата државност до последниот здив, последниот шаржер, последниот војник, но не негоите, туку на непријателот, пренесува Интерфакс Украина.

Москва негира дека добила барање за интервју со Блинкен-Лавров
Москва официјално демантираше дека добила барање од Вашингтон за телефонски разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи, Американецот Ентони Блинкен и Русинот Сергеј Лавров.

„Покрај медиумските написи за потенцијалниот разговор, ништо не знаеме и не сме добиле никакво официјално барање“, соопштија од Москва.

By Author