Денес е 58 ден од војната во Украина

Денеска нема хуманитарни коридори
Во Украина денеска нема да бидат отворени хуманитарни коридори за евакуација на цивили, објави на Телеграма вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.

„Поради опасноста на рутите нема да има хуманитарни коридори. Апелирам до сите што чекаат на евакуација: бидете трпеливи, издржете“, рече таа.

„Русија го отфрли Велигденскиот предлог за прекин на огнот“
Украинскиот претседател Зеленски тврди дека Русија го одбила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека се уште има надеж за мир.

Тоа го изјави Зеленски синоќа во своето видео обраќање, пренесува Ројтерс.

Претходно тој ја отфрли можноста да оди во Москва на директни разговори со руските лидери за завршување на војната.

By Author