Денеска е 79-от ден од војната во Украина.

Украина: Потонавме уште еден руски брод
Украинските сили го оштетија современиот логистички брод на руската морнарица во Црното Море и го запалија, изјави портпаролот на регионалната воена управа на Одеса на југот на Украина, Серхиј Брачук.

Брачук во соопштение на интернет рече дека „Всеволод Бобров“ бил погоден во близина на Змискиот остров, местото на обновените борби во последните денови, но не наведе детали. Малиот остров се наоѓа во близина на морската граница на Украина со Романија.

„Русите се обидуваат да навлезат во Азовстал“
Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко изјавил дека руските сили од утрово се обидуваат да навлезат на територијата на фабриката Азовстал во тој град.

Андрјушенко рече дека руските сили, додека трае гранатирањето, се обидуваат да се пробијат до централниот дел на фабриката.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија ги продолжила артилериските и воздушните напади врз Мариупол и дека главните напори се уште се концентрирани на блокирање на украинските војници во областа на фабриката Азовстал.

Русите уништија три моста во Харков
Како што руските сили се повлекоа поради украинската офанзива во областа Харков, беа уништени три клучни моста, покажуваат сателитски снимки од областа.

Украинците тврдат дека Русите ги уништиле мостовите зад нив, за да го спречат нивното напредување и контранапад.

Зеленски: Стратешкиот пораз на Русија е очигледен
Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Русија има големи стратешки загуби во Украина.

„Тоа е очигледно и го гледа целиот свет. Русија едноставно нема храброст да го признае тоа“, рече Зеленски.

Во Харков дојде страв и трепет од Сирија
Извештаите за употреба на касетни бомби пристигнаа пред неколку дена од Украина. Иако првично беше невозможно да се утврди точноста на овие тврдења, анализата спроведена од Си-Ен-Ен во соработка со Центарот за информативен отпор (ЦИР) покажува дека човек кој Сиријците добро го познаваат е одговорен за операциите во Харков, токму поради употреба на касетни бомби.

Во прашање е озлогласениот руски генерал Александар Журављов.

By Author