Денес е 25 ден од војната во Украина.

Руските сили бомбардираа уметничко училиште кое се користи како засолниште во опколениот град Мариупол, се вели во соопштението на Градскиот совет на Мариупол.
„Околу 400 луѓе престојуваа во зградата која беше уништена во нападот“, соопшти Советот.

Се уште не се познати информациите за жртвите.

АФП пишува дека Русија објавила дека повторно лансирала хиперсонична ракета врз Украина.Според првите наводи, ракетите биле лансирани од воздушниот простор над Крим.

Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Русија во текот на изминатата недела го засилила своето неселективно гранатирање на цивилни урбани области.

„Русија веројатно ќе продолжи да користи тешка артилерија во нападите врз населените места, бидејќи се обидува да ги ограничи своите и онака значителни загуби“, се наведува во најновата проценка на британското Министерство за одбрана.

By Author