Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 107. ден.

Доњецк повторно ракетиран
– Украинските војници го гранатираа квартот Кујбишев во градот Доњецк во Доњецката Народна Република, истрелаа 15 ракети од ВБР Град, објави канцеларијата на ДНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на режимот за прекин на огнот.

https://twitter.com/derecha_liber/status/1535376210246914049?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1535376210246914049%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F639038%2Fukrajina-rusija-rat-sukob%2Fvest

Запленети уште „Џавелини“.
23:17 – Борците на вооружените сили на Украина повторно се поразени и одземена е сета опрема на НАТО, вклучително и американските „Џавелини“ (копја, противтенковско оружје), објавија руски извори.

Остануваме без муниција за артилеријата
Ја потрошивме речиси целата артилериска муниција, изјави вчера портпаролот на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, истакнувајќи дека тие се потпираат на оружје од Запад.

Според него, Украина дневно троши од 5.000 до 6.000 парчиња артилериска муниција.
– Речиси ја потрошивме целата наша артилериска муниција и сега користиме гранати со калибар 155 стандард на НАТО – рече Скибицки.

By Author