Денеска е 191 ден од војната во Украина.
Русија ја предупреди Молдавија
Рускиот министер за надворешни работи предупреди дека сите дејствија што се сметаат за загрозување на рускиот мировен контингент во регионот на Молдавија ќе се сметаат за напад врз самата Русија.
Забелешките на Сергеј Лавров во говорот во највисокото руско училиште за надворешни работи во четвртокот повторно ја разгореа загриженоста дека молдавскиот регион Придњестровје, кој граничи со Украина, може да биде вовлечен во руско-украинскиот конфликт.
Да потсетиме дека во април, тензиите меѓу Русија и Молдавија се појавија по серијата експлозии во Придњестровје.
Како изгледа ситуацијата на украинскиот фронт?
Нови жртви во Доњецк
Украинскиот гувернер на Доњецк, Павло Кириленко, објави дека руските сили убиле четири лица, а раниле 10 во регионот.
Киев: Москва се меша во работата на мисијата на ОН во Запорожје
Украина верува дека ќе и биде тешко на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја утврди фактичката состојба во нуклеарната централа Запорожје бидејќи Русија не го дозволува тоа, додека проруските власти во областа инсистираат агенцијата на ОН да ја заврши својата работа на терен објективно без политички оценки.
Енергоатом: Петтиот реактор во Запорожје нема да биде пуштен во употреба
Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом објави дека петтиот реактор во Запорожје нема да биде пуштен во употреба.
„Руската воена вежба е шоу, нема да има 50.000 војници“
Тешките борби продолжуваат во јужна Украина, вклучувајќи го и гранатирањето на областа Енергодар во близина на нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, соопшти британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина.
Русија: Нема нафта за земјите што ги ограничуваат цените
Кремљ најави дека Русија ќе престане да продава нафта на земјите кои ги ограничуваат цените на руските енергетски производи, што, според Москва, би довело до значителна дестабилизација на светскиот пазар на нафта.
„Компаниите кои воведуваат ограничување на цената нема да добијат руска нафта. Едноставно не можеме да соработуваме со нив на непазарни принципи“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.