Денеска е 41 ден од војната во Украина.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска разговараше со својот украински колега Дмитриј Кулеб, а Кина повторно повика на преговори за ставање крај на конфликтот во Украина.

Повикот е прв пријавен разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи од 1 март, кога Кулеба побара од Пекинг да ги искористи врските со Москва за да ја запре руската инвазија, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

-Војните на крајот завршуваат. Клучот е како да се размислува за болката, да се одржи трајната безбедност во Европа и да се воспостави избалансиран, ефикасен и одржлив европски безбедносен механизам. Кина е подготвена да одигра конструктивна улога во овој поглед во објективна позиција – рече Ванг, според министерството.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во синоќешното обраќање рече дека во Буча биле мачени и убиени повеќе од 300 цивили и дека поради таа причина денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

By Author