Во тек е 203-от ден од руската специјална воена операција во Украина.

ВБ: Русија за прв пат употреби ирански беспилотни летала во Украина
– Русија најверојатно првпат користела беспилотни летала од иранско производство во војната против Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.

Русија најверојатно првпат користела ирански беспилотни летала во Украина, објави денеска британската разузнавачка служба, откако Киев објави дека вчера соборила еден од беспилотните летала „Шахид-136“, пренесува Ројтерс.

Киев: Гренатиран Николаев
– Во текот на ноќта руските сили извршија масовен напад врз Николаев, објави градоначалникот Олександар Сиенкович, пренесува Униан.

Според него, оштетени се станбени објекти.

Погодена е станбена зграда во Голмовско
Четири лица загинаа како резултат на директен удар од украинска граната во станбена зграда во Голмовски во ДНР, пренесува РИА Новости.

Три водови во Запорожје се оспособени
– Сите три помошни линии за снабдување со електрична енергија во нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, се повторно активирани, соопшти во Виена Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Првиот беше овозможен повторно да работи во саботата, пренесува Ројтерс.

Оружје за Украина: Претежно од САД и Британија
– Последниот пакет помош на Вашингтон за украинските вооружени сили е вреден 675 милиони долари, Лондон е вториот најголем снабдувач со оружје за Киев, а и многу други земји и даваат помош на Украина, објави денеска „Дојче веле“.

Во 20-тиот пакет помош на администрацијата на Бајден, треба да бидат испорачани сто оклопни транспортери „Хамви“ за заштита на украинските војници на фронтот.

Зеленски: Украина контролира повеќе од 8.000 км2
Украина сега има целосна контрола на повеќе од 4.000 квадратни километри што ги поврати од руските сили, а се стабилизира и воспоставува контрола над уште 4.000, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во понеделникот објави дека украинските сили повторно зазеле 6.000 квадратни километри од Русија во неодамнешната офанзива, објави Ројтерс.

Ројтерс: Путин го отфрли договорот на Козак со Киев
Британската агенција Ројтерс денеска објави информација дека главниот руски преговарач за Украина, Дмитри Козак, на почетокот на војната во февруари му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека склучил привремен договор со Киев, кој ќе го задоволи барањето на Москва Украина да остане надвор од НАТО, но дека Путин одбил и продолжил со воената кампања.

By Author