Уапсено е ЛИЦЕТО кое постави бомба на шеталиште во Истанбул, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува Анадолија. Најмалку шест лица загинаа во експлозијата, а 81 се повредени.

Турските медиуми синоќа објавија фотографија од жена која е осомничена дека е вмешана во бомбашкиот напад во центарот на Истанбул, во кој загинаа шест лица, а 81 лице беа повредени.

Од 42 хоспитализирани пациенти, пет се уште се на интензивна нега, од кои двајца се во тешка состојба.

Во текот на ноќта началникот на турската полиција Сулејман Сојлу објави, како што јави Анадолу, дека лицето кое ја поставило бомбата е уапсено.

– Не долго по детонацијата, полицијата уапси едно лице за кое се верува дека ја поставило експлозивната направа – рече Сојлу.

Иако не го откри идентитетот на осомничениот, министерот за полиција рече дека во врска со експлозијата се приведени уште 21 лице и потврди дека првите наоди од истрагата упатуваат на Курдистанската работничка партија (ПКК) и нејзиниот огранок во Сирија ПИД.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека бомбашкиот напад во центарот на градот „мириса“ на тероризам. Тој изјави и дека експлозијата е „предавнички напад“ и дека сторителите ќе бидат казнети.

Експлозијата се случила во центарот на градот, на улицата Истиклал, која е многу популарна меѓу туристите.

Седела на клупата 45 минути, кога станала бомбата експлодирала!
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави и дека за експлозијата во центарот на Истанбул е осомничена жена, која, според неговите зборови, седела на клупа 45 минути, а потоа станала.

– Експлозијата се случи само неколку минути откако таа замина. Нејзиниот идентитет се уште не е познат, ниту пак е јасно која група би можела да стои зад нападот – рече министерот.

By Author