Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Њујорк, каде денеска ќе се појави пред суд под обвинение дека за време на изборната кампања во 2016 година и платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење во врска со наводите за сексуална афера.
Медиумите побараа да се дозволи снимање во судницата за време на денешното појавување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред судот во Њујорк, но на предлогот се спротивстави адвокатскиот тим на Трамп, оценувајќи дека тоа ќе „создаде атмосфера слична на циркус на судењето“. .
Судијата, сепак, одлучи на некои фоторепортери да им биде дозволено да фотографираат неколку минути пред официјалното започнување на судењето, јавува Би-Би-Си.
Вчера Трамп со приватен авион пристигна во Њујорк од Мар-а-Лаго на Флорида, а го пречекаа десетици медиумски екипи.
Ова е прва кривична постапка против поранешен или сегашен претседател на САД.