Во поплавите и одроните на југозападниот и северниот дел на Пакистан загинаа најмалку 62 лица, а повеќе се повредени, објавија локалните власти, јавува Анадолија.
Поплавите беа предизвикани од обилните монсунски дождови, а најтешко беа погодени југозападната провинција Балучистан и северниот регион Гилгит-Балтистан.
Во тие области, дождовите и поројните поплави однесоа мостови и куќи, предизвикаа лизгање на земјиштето и ги отсекоа градовите и селата од останатиот дел од земјата.