Планинар кој кампувал во планините Суперстишн во САД, во Аризона, е пронајден мртов откако се лизнал додека се обидувал да направи селфи на работ на провалија длабока 220 метри, соопштија локалните власти.
Телото на Ричард Џејкобсон (21) било пронајдено откако од планинарската куќа повикале полиција, соопштија од канцеларијата на шерифот во округот Пејнал, пренесе „Си-Би-Ес Њуз“.
Телото на Џејкобсон било пронајдено на околу 220 метри од местото каде што планинарите кампувале.
„Џејкобсон отиде да направи селфи, сакал позади да се гледа градот (Феникс), но се лизнал, ја загубил земјата и падна“, изјави поручникот Даг Пибл од округот Пејнал за ТВ КПХО.
Според „Journal of Family Medicine and First Aid“, 259 луѓе починале додека правеле селфи меѓу 2011 и 2017 година.