Есенските продукти изобилуваат со антиоксиданси и витамини кои се многу корисни во борбата против разни болести. Нутриниционистите советуваат дневно да се земат по пет порции на зеленчук и овошје, а доколку сакате да го подобрите имунитетот вклучете ѓи овие продукти во исхраната.

КРУША
Омилено овошје во есен содржи голема количина на витамин-Б кој помага при стрес. Крушата има големо ниво на влакна и помага при превенција на шекерна болест, а добра е и за срцето затоа што го регулира нивото на холестерол во крвта.

КОСТАН
Костанот е исклучително хранлив и со право го нарекуват “плод на боговите”. Се препорачува на оние што патат од бубрежни болести. Тој обилува со калиум, фолна киселина витамин Ц, Б1, Б2 И Б6 и тој го јакне имунитетот. Костенот го забрзува растот на црвените крвни зрнца, но е и доста калоричен па ќе ве држи сити.

ТИКВА
“Портокаловата кралица на есента” богата е со здрави масни киселини, а омега-3 киселините важни се за здравјето на срцето и крвните садови. Има многу влакна, поради кој го смалува ризикот од рак и ја чува кожата од УВ зраците. Семките од тиква исто така се многу богати со влакна, манган, железо, цинк, бакар и селен.

ЦВЕКЛО
Веројатно сите го знаеме како најдобар лек против анемијата, го штити црниот дроб и го снижува притисокот. Ако се конзумира сиров ќе ги елиминирате и сигналите на истоштеност.

БРОКУЛА
Брокулата има многу повеке Ц витамин од многу други продукти кои ѓи конзумираме поради овој витамин. Во 100 грама брокула се содржат 67% витамин Ц, 20 % витамин А и дури110% витамин К од дневно препорачаните дози. Исто така содржи и анти оксиданси.
Препорачливо е да се готви на пара и тоа кратко,затоа што со долгото готвење се уништуват многу нутрини.

ЈАБОЛКО
Една јаболка дневно “нема одење на лекар” поради високиот процент на витамини. Јаболката го јакнат имунитетот, спречуват појава на настинка и го смалуват ризикот од инфекции на респираторниот трак. Успешного снижуваат холестеролот, а поради пектинот помагаат во детоксикација на телото и одржување на цревната флора.
Значи да се храниме здраво, а притоа и ќе заштедиме некоја пара.

By Author