Многумина му свртеа грб на Владимир Путин, многумина го критикуваа, а некои го фалат, но малкумина останаа со рускиот претседател од почетокот на војната во Украина. Еден од нив е Дмитриј Медведев, поранешен претседател на Русија, а сега заменик директор на Советот за национална безбедност. Медведев во последните неколку месеци упати неколку закани кон Европа и светот, од кои некои се остварија.
„Европејци, добредојдовте во новиот свет“
Медведев првата во серијата закани ја упати во март, откако германскиот канцелар Олаф Шолц донесе одлука да ја прекине работата на гасоводот Северен тек 2.
Добредојдовте во храбриот нов свет во кој Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за 1.000 кубни метри гас“, напиша поранешниот руски претседател на Твитер.
Гасоводот Северен тек 2 беше завршен во септември 2021 година. Од почеток со работа го делеше само дозвола на германските регулатори. Првата причина за одложување на издавањето дозволи беа парламентарните избори во Германија, а потоа се чекаше формирање на нова влада, прва по 16 години владеење на Ангела Меркел.
Иако долго се премислуваше и не сакаше да заземе построг став и да воведат построги санкции против Русија, Олаф Шолц го прекина и го запре проектот вреден 10 милијарди долари, планиран да испорачува 55 милиони кубни метри гас годишно во Германија, два дена пред почетокот на руската инвазија на Украина.
Последен објава на Медведев се појави на Телеграм пред неколку дена и на западните земји им порача – „не сме идиоти“.
Западот не може да ја удри Русија со „луди“ економски санкции и во исто време да очекува дека земјата ќе гарантира снабдување со храна, изјави вториот човек од Советот за безбедност на Русија.
„Нема смисла – од една страна ни се воведуваат луди санкции, а од друга страна се бара да обезбедиме снабдување со храна. Тоа не оди така, ние не сме идиоти“, рече Медведев. .