Млад турист од Велика Британија загина по страшна несреќа на аеродромот во Спата, Грција.
Туристите биле во хеликоптерот и почнале да излегуваат пред целосно да запрат пропелерите на хеликоптерот. Младиот човек почнал да го обиколува хеликоптерот одзади и налетал на лопатките на роторот кои за неколку секунди го здробиле, пишува Дејли Меил.
Ужасот се одвивал пред очите на сопствената сестра и уште двајца туристи, како и пред вработените на приватниот аеродром. Друг хеликоптер слетал зад нив со нивните родители во него, а пилотот на првиот веднаш преку радио сигнализирал што се случило за да може вториот хеликоптер да продолжи да лета. Била повикана брза помош, но младиот човек не можел да се спаси.
На аеродромот ги чекале лимузини, па се претпоставува дека се работи за многу богато семејство, но повеќе детали за нивниот идентитет не се соопштуваат. Покрената е истрага за да се утврди зошто пилотот им дозволил на патниците да излезат пред да бидат запрени роторите.