Возот, кој синоќа излета од шините во Источна Палестина во американската сојузна држава Охајо, предизвика голем пожар во таа област, објавија денеска локалните медиуми.

Според извештаите, екипите за итни случаи ги евакуираат жителите од куќите во радиус од околу еден километар од пожарот.

Полицискиот оддел на Источна Палестина не одговори на барањето на Ројтерс за детали за пожарот.

Товарната железничка компанија „Норфолк Саутерн“ објави дека мобилизира свои тимови за соработка со локалните служби за итни случаи за санирање на последиците од инцидентот.

Не е познато што превезувал возот, ниту што го предизвикало излетувањето од шините, пренесе британската агенција.

Не е соопштено дали има жртви.

By Author