Шумски пожар беснее во североисточниот дел на канарскиот остров Тенерифе, кој го отежнува силниот ветер.

Жителите на околните градови се евакуирани како мерка на претпазливост, а прекинат е и пристапот до шумата околу вулканот Теиде, пренесува Ројтерс.

– Пожарот е силен и се наоѓа во комплицирана област – изјави регионалниот лидер на Канарските острови, Фернандо Клавихо.

Надлежните органи го подигнаа нивото на опасност и побараа средства од централната власт, пренесува Ел Паис.

Пожарот избувнал во вторникот вечерта, а во неговото гаснење учествувале 11 хеликоптери и 150 пожарникари, а мобилизирана е и единицата за итни случаи.

Според првите проценки, од пожарот е зафатена површина од 150 хектари.

By Author