Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека не очекува нормализација на односите меѓу Русија и Западот и по завршувањето на војната во Украина.
– Нормализирањето на односите со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина не доаѓа предвид. Нема да биде како порано. Дури и да замолкне оружјето во Украина, не треба да очекуваме нормализирање на нашите односи со Русија – изјави Столтенберг за германскиот весник „Ханделсблат“, пренесува РИА Новости.
Столтенберг во четвртокот на конференцијата во Норвешка истакна дека без оглед на тоа како ќе заврши украинскиот конфликт, мора да се каже дека „безбедносната ситуација во Европа е целосно променета“.
Тој ја обвини Москва дека се обидува да ги „контролира соседните земји“, а тоа, како што оцени, ја става Русија во позиција на постојан конфликт со Западот.
Тој ја обвинува Москва за нешто што Америка со децении проба да го направи во цел свет, тие ѓи одмеруваат силите, а помалите држави се колатерална штета.