Ирачката противвоздушна одбрана денеска собори две беспилотни летала наполнети со експлозив додека се приближуваа до воздухопловната база Аин ал Асад, западно од Багдад, каде што се наоѓаат американските сили, потврди претставник на меѓународните сили предводени од САД.

Сличен напад беше спречен вчера кога ирачката противвоздушна одбрана собори два дрона кои исто така се приближуваа до воената база во која се наоѓаат американските сили во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.

Нападите се случија додека Иран и неговите сојузници во Ирак ја одбележуваат втората годишнина од атентатот на високиот генерал на иранската Републиканска гарда Касим Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари 2021 година во напад со беспилотно летало во близина на аеродромот во Багдад по наредба на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера изјави дека Трамп мора да се соочи со судење за убиството или дека Техеран ќе се одмазди за убиството на генералот Сулејмани.

Извор-Танјуг

By Author