Вулканот Килауеа на Големиот остров на хавајскиот архипелаг еруптираше рано утринава, соопшти американската сеизмолошка служба.

Ерупцијата започна утринава во 04:44 часот по локално време, се наведува во соопштението што го пренесе Ројтерс.

Неколку моменти подоцна, фотографиите покажаа пукнатини во основата на кратерот, создавајќи текови на лава на површината на кратерот.

Килауеа е еден од петте вулкани на Хавајските острови.

Инаку, името на вулканот Килауеа на хавајски јазик значи „да исфрли многу“, тоа е поради фактот што е еден од вулканите што исфрла повеќе лава и гасови. Неговата висина е 1.247 метри, вулканот се наоѓа веднаш до неговиот „постар брат“ Ману Ло.

Во мај 2018 година, вулканот Килауеа започна ерупција на лава што предизвика земјотреси со магнитуди до 6,9 и 5,7 степени. Големото количество исфрлена лава, нејзиниот напредок и отворањето на големи пукнатини ги принудија безбедносните сили да евакуираат 1.700 луѓе.

Овој вулкан е еден од најактивните и најпосетуваните вулкани на Земјата и е дел од Националниот парк Хавајски вулкани.

By Author