По наредба на претседателот Владимир Путин, руската армија во четвртокот рано наутро изврши напад врз Украина. Путин тоа го нарече „специјална воена операција“, а руските војници за само 24 часа успеаја да ја освојат централата во Чернобил и да се приближат на само 30 километри од Киев. Сирени и експлозии сè уште одекнуваат во близина на главниот град на Украина, додека Владимир Зеленски ги повикува сојузниците итно да и помогнат на неговата земја, која, според него, досега загубила 137 луѓе.

Руските сили го обновиле нападот врз градот Харков на истокот на земјата, погодувајќи го со воздушни напади и гранатирање, јави дописникот на Гардијан, Питер Бомонт.

Жителите на градот во близина на руската граница претходно пријавија сирени за воздушни напади и гранатирање.

Советот на Европа започна процес за суспендирање на членството на Русија, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Русија е членка на 47-членото тело за човекови права од 1996 година. Таа беше исклучена од Парламентарното собрание на Советот на Европа поради анексијата на Крим во 2014 година, но во 2019 година беше вратена со целосни права

By Author