Најпопуларната криптовалута во светот, биткоинот, повторно претрпе нагло опаѓање на вредноста во последните 24 часа, покажуваат податоците на страницата „Coindesk“. Имено, тој падна за 8,82 проценти и во моментов се тргува по цена од 33.198 долари. Пазарната капитализација на биткоинот падна на 617,81 милијарди долари.

Втората најпопуларна криптовалута, „Етериум“, падна за 9,18 проценти во последните 24 часа и во моментов се тргува со 2.538 долари. Пазарната капитализација на оваа валута е околу 292,4 милијарди.

Остатокот од пазарот на крипто-валути исто така претрпува огромни загуби кои се движат од 8,79 отсто во случај на биткоин до над 12,5 проценти.

Според експертите, постојат две причини за овој пад. Од една страна, прстите повторно се насочени кон Кина и зголемениот притисок што го вршат кинеските власти врз „рударите“ со забрана на нивната работа. Исто така, во последните неколку дена започна нивната акција за забрана на крипто-влијателите.

Од друга страна, очекувањето за „затегнување“ на монетарната политика на ФЕД ги натера инвеститорите на Запад да ги повлечат своите средства од пазарот на крипто-валути.

By Admin