Две лица се повредени во експлозија во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина.
Како што соопшти руското Министерство за одбрана, експлозијата се случила како резултат на итно ослободување на воздушно оружје кога авионот Су-34 на руските воздушни сили летал над тој град.
Експлозијата создала кратер длабок 20 метри и широк околу 20 метри.
„Две лица се повредени во експлозија што доцна синоќа го потресе градот Белгород во југозападна Русија“, соопшти гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.
Како што прецизираше, според првичните информации, една жена, која се здобила со повреда на главата, е хоспитализирана во Градската болница бр.2 во средно тешка состојба.
Втората жена се здобила со гребаници на кожата и одбила хоспитализација откако ја добила потребната медицинска помош“, напиша Гладков на Телеграм, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека од експлозијата биле оштетени четири стана во една станбена зграда, а на жителите им било понудено привремено сместување во хотел. Објектот ќе биде прегледан од специјалци. Доколку има оштетувања на потпорниот ѕид, ќе го преместиме целиот дел од зградата“, напиша гувернерот на Белгородската област и изјави дека се оштетени и четири автомобили.
Според извештаите, формиран е кризен центар за собирање на сите информации за инцидентот, а на терен се истражителите и спасувачките екипи на руското Министерство за вонредни ситуации. Руските власти синоќа известија за експлозија која го потресе Белгород, кој се наоѓа на границата со Украина, а причината за експлозијата се уште не е соопштена.