Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, ставила на маса предлог со цел враќање на женската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер и затворениот Американец Пол Вилан бивши маринец од Русија, изјави во средата државниот секретар Ентони Блинкен.

Блинкен не даде детали за предложениот договор, но откри дека тој го вклучува осудениот руски трговец со оружје Виктор Бут, кој е на врвот на листата на желби за размена на затвореници во Русија, пренесува Си-Ен-Ен.

– Што се однесува до претседателот Бајден, се разбира, тој не само што беше директно вклучен во процесот, туку и ги потпишува сите предлози што ги даваме. Очекувам да разговарам со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во наредните денови за прв пат од почетокот на војната – рече Блинкен.
Државниот секретар додаде дека главната цел е да се вратат затворените американски државјани дома.

– Ќе покренам прашање што е наш врвен приоритет, ослободувањето на Американците Пол Вилан и Бритни Гринер, кои се неправедно затворени и мора да им се дозволи да се вратат дома – продолжи Блинкен.

Тој тогаш изјави дека Русија има конкретна понуда на маса.

– Пред неколку недели ставивме важен предлог на маса за да го олесниме нивното ослободување. Нашите влади постојано и директно комуницираа за тој предлог – заклучи Блинкен.

Да потсетиме, Гринерова, која настапуваше за Екатеринбург во руската лига, беше приведена откако цариниците рекоа дека во нејзиниот багаж на московскиот аеродром во февруари пронашле полнење за електрични цигари во кои имало масло од марихуана, што е строго казниво во Русија.

Рускиот трговец со оружје Виктор Бут, кој е познат по прекарот „Трговец на смртта“, во 2012 година во САД беше осуден на 25 години затвор под обвинение за нелегална продажба на оружје од милион долари.

Неодамна портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги „прозва“ САД и јасно стави до знаење дека Русија нема да го следи нивниот пример во однос на легализацијата на марихуаната за рекреативни цели.

By Author