кина

Тајван ја критикуваше Светската здравствена организација за рамнодушноста кон здравствените права на тајванските граѓани, обвинувајќи ја организацијата за капитулација пред Кина.

Имено, Тајван беше исклучен од повеќето светски организации, вклучувајќи го и Собранието на СЗО, на барање на официјален Пекинг, кој го смета овој остров во Пацификот за своја територија, пренесува Ројтерс.

Со поддршка на бројни западни сили, Тајван лобираше да му биде дозволено да присуствува на денешната сесија на собранието на СЗО како набудувач, но поканата не стигна до Тајпеј, објави тајванската влада.

 „Како меѓународна професионална здравствена организација, СЗО треба да биде во служба и за доброто на целото човештво, а не да се потчинува на политичките интереси на некои членови“, рече министерот за здравство Чен Ши-Чунг, алудирајќи на Кина и најави дека Тајван ќе продолжи да се бори за учество во работата на СЗО.

Министерот за надворешни работи на Тајван, Јозеф Ву изрази жалење што администрацијата на СЗО „продолжува да покажува рамнодушност кон 23,5 милиони граѓани на Тајван“.

Кина верува дека Тајван може да учествува во работата на СЗО доколку прифати дека е „дел од Кина“, што владата во Тајпеј одбива да го стори.

By Admin