Властите во Полска истражуваат инцидент опишан како „хомосексуална оргија“ поради која е повикана итна помош.
Католички свештеник е под истрага откако во еден од неговите станови во Полска, наводно, биле организирани геј оргии, во кои биле користени и апчиња за потенција, поради што лекарите морале да интервенираат.
Според тамошните медиуми, како што пренесува британски Експрес, свештеникот организирал оргии во стан во сопственост на црквата.
Свештеникот наводно ангажирал машка проститутка, а на крајот интервенирале полицијата и брзата помош, откако на еден од учесниците му се слошило.
Свештеникот прво не сакал да ги пушти во станот лекарите кои ги повикал изнајмениот човек, а брзата помош влегла дури по пристигнувањето на полицијата. Во станот на подот нашле онесвестен маж.
„Настанот беше организиран од свештенството и беше од чисто сексуална природа, а учесниците земаа апчиња за потенција“, изјави анонимен извор за Газета Виборча.
Учесникот кој изгубил свест за време на оргијата бил пренесен во болница и отпуштен на домашно лекување откако му се стабилизирала состојбата.
За инцидентот биле информирани црковните поглавари и била наредена истрага, а била формирана и комисија за утврдување на сите факти.
Според германските медиуми, бискупот задолжен за тој регион со писмо ги осудил „страшните настани“ во Полска, а писмото наводно било прочитано во секоја црква во областа.
Владиката најостро ги осуди „срамните свештеници“ кои учествуваа во тој скандалозен чин.
„Им се извинувам на сите што беа погодени од ова, кои се вознемирени од овие настани“, се наведува во писмото и се додава дека нема оправдување за „моралното зло“ и дека сите учесници ќе бидат казнети согласно канонското право.
Во меѓувреме, локалните власти покренаа истрага против свештеникот, кој е обвинет дека не пружил помош на лице кое има потреба.
Чесав Курпи, заменик окружен обвинител, рече дека обвинителството води постапка за неукажување помош на лице чиј живот е во опасност.
Свештеникот кога ги известил своите црковни старешини за инцидентот, негирал дека организирал „геј оргии“ .