Чоколадната индустрија е под притисок да ги реши етичките и одржливите прашања
Чоколадото е веројатно најпопуларниот деликатес во светот, па дури има и меѓународен празник посветен на него, кој се слави на 7 јули, во спомен на денот во 1550 година, кога слатките наводно првпат пристигнале во Европа.
Луѓето ширум светот сметаат дека чоколадото е многу вкусно, се чини – јадеме повеќе од седум милиони тони годишно. Тоа е речиси еден килограм за секој човек што живее на Земјата.
Оваа мешавина од какао и шеќер, со или без адитиви, го подобрува расположението на луѓето веќе неколку илјади години, имајќи предвид дека го поттикнува лачењето на серотонин (хормонот на среќата), а може да биде и многу корисен за здравјето.
Научниците долго време го истражуваат влијанието на оваа храна врз здравјето на луѓето.
Еден од нив, спроведен во САД, покажува дека чоколадото помага во одржување на здрави крвни садови на срцето. Во минатото, клиничките истражувања открија дека чоколадото е корисно и за крвниот притисок и за крвните садови.
Експертите веруваат дека консумирањето чоколадо барем еднаш неделно го намалува ризикот од коронарна артериска болест за осум отсто во споредба со оние кои консумираат чоколадо на подолги интервали.
Чоколадото содржи хранливи материи, како што се флаваноиди, метилксантини, полифеноли и стеаринска киселина, кои можат да го намалат воспалението и да го подигнат добриот холестерол.
Но, ова задоволство има и темна страна, но ретко кој однас помислува на тоа додека уживаме во вкусот.
Чоколадната индустрија долго време беше под притисок да ги реши етичките и одржливите прашања, како што се уништувањето на шумите и употребата на детскиот труд при собирањето на зрната какао.
Какаото, суровина за чоколадо, може да се одгледува само во многу специфични климатски услови.
Еден од главните проблеми со чоколадната индустрија е фактот што зрната какао, суровина за чоколадо, ги нема во изобилство.
Какаовите дрвја се доста чувствителни и бараат високи врнежи и високи температури за да растат, како и шумска покривка за да ги заштити од светлина и ветер.
Ова е причината зошто само неколку земји ги нудат овие услови.
Само две западноафрикански нации – Брегот на Слоновата Коска и Гана – се одговорни за речиси 52 отсто од собраните зрна какао во светот, според Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).