Неверојатно е што се случува во француската кошарка

Навикнати сме да играме кошарка на разни необични места, на чамци, бејзбол терени, па дури и во затвори, за да го промовираме спортот.

Но, можете ли да замислите да играте кошарка во штала? Во најмала рака звучи бизарно, дури и кога тоа е предлог на Кошаркарскиот сојуз на Франција …

Имено, челниците на здружението дошле на идеја натпреварите за Олимписките игри на машката сениорска репрезентација да се играат во штала!

Нивниот план е натпреварите да се играат во објекти кои се користат за земјоделски изложби.

Очекувано, ваквата одлука не им се допадна на многумина. Реагираа бројни репрезентативци, а најголемо влијание имаа изјавите на НБА играчите. Еван Фурние и Николас Батум испратија гласна порака, а им се придружи и играчот на Реал, Винсент Поарје.

-Како да прифатиме кошарката, еден од најпопуларните спортови на Олимписките игри, своите натпревари да ги игра во изложбениот центар? Таванот е премногу низок, просторот не е добар, ова не може да помине. Ми се чини дека сонувам, напишал Фурние видно огорчен.

„Дали навистина ќе дозволите на оваа локација да се игра најдобриот тимски спорт? Не знам кој одлучува, но треба да завршите подобра работа“, рече Батум.

Сепак, најостра критика упати Поариер

„Не знам кој е главен и кој се прашува за изборот на сала, но брат, мора да се разбудите. Не срамите пред светот“, заклучи Поариер.

By Author