Полициски службеници на СВР Тетово, ноќеска ( 2/3септември) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спровеле акциска контроли за санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата билее откриени и санкционирани вкупно 14 возачи (ТЕ-7 и ГВ-7) кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 3 возачи (ТЕ-2 и ГВ-1) било утврдено присуство од еден и пол до два промили алкохол во крвта.Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Санкционирани, исто така, биле и 11 други видови прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-4).
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот.