Во текот на изминатата вечер (08/09.04.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле санкционирани 81 возачи. Од нив 10 на територија на Битола, 64 во Прилеп, по 3 во ДемирХисар и Крушево и 1 во Македонски Брод.
За време на контролата биле санкционирани и 86 други видови прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила-соопштуваат од МВР.